„Црвените“ беа прилично тивки на трансфер пазарот минатото лето, но сега забрзано работат на неколку зделки.
Џереми Фримпонг од Баер Леверкузен треба да биде првото засилување, десниот бек веќе пристигна на лекарски прегледи и во скоро време ќе го комплетира трансферот вреден околу 35 милиони евра.
Клубот од Енфилд исто така ја доби и битката со Манчестер Сити, Баерн Минхен и Реал Мадрид за потписот на Флоријан Вирц и сега ги пегла деталите под кои ќе се реализира оваа зделка, која може да вреди и до 150 милиони евра.
Како што пренесува Фабрицио Романо, Ливерпул е на пат да го договори и третото име, Милош Керкез веќе кажал ДА.
Преговорите со Борнмут за трансфер на левиот бек се веќе започнати и се очекува во скоро време да биде постигнат компромис за трансфер вреден 45-50 милиони евра.
ФОТО: X/AFC Bournemouth