Ливерпул летоска трошеше како никој друг претходно, беа инвестирани околу 450 милиони евра во осум засилувања.
Во два наврати беше соборен рекордот за најскап трансфер на „островото“, прво со ангажманот на Флоријан Вирц а потоа и со ангажманот на Александер Исак.
Но преодниот рок сега е прогласен за фијаско, според „Спорт Илустрејтед“, Ливерпул има дури три имиња во најголемите промашувања.
На прво место е Флоријан Вирц, кој се уште нема запишано асистенција или гол, на второ место е Милош Керкеш, а на број 4 е Александер Исак.






