недела, 18 мај 2025

Литванскиот селектор: Реално е да ја победиме Македонија во Скопје

Ракометната репрезентација на Македонија утре од 18 часот ја пречекува Литванија во клучен меч за пласман на Европското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Литванија на првиот меч ја победи Македонија со 29-27. Утре ни е потребен триумф од три гола разлика за да бидеме втори и да обезбедиме сигурен пласман на Европското првенство.

Голема е веројатноста да обезбедиме место на континенталниот собир и со било каква победа, во тој случај би оделе на ЕП како една од најдобрите четири третопласирани.

Но, Литванците со голем оптимизам доаѓаат во Македонија и веруваат дека се посилни од нас.

„Секако, ќе биде потешко во Македонија, тоа го разбираме многу добро, но репрезентативците се решени да земат барем бод. Ако очекувањето за победа против Словенија беше реално, победа во Македонија е исто така реална. Секако, играњето пред сопствените навивачи е едно, а играњето пред навивачите на противникот е друго“, изјави селекторот на Литванија, Гинтарас Савукинас.

Сличен беше ставот и на најдобриот ракометар на Литванија, Миндаугас Думичиус.

„Еднаш ги победивме Македонците. Секако, играњето таму пред нивните навивачи, со таква поддршка, е многу тешко. Ништо не е изгубено. Сè е во наши раце. Треба да се концентрираме, да го започнеме натпреварот подобро од оној со Словенија“, истакна Думичиус

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ