Повредата ја добил на периферијата на Куманово каде младите велосипедисти тренирале за трките. Дабушинскас паднал во последниот свиок и скршил зглоб и вилицата.

„Се чувствував одлично, подготовките минаа добро, формата ми беше на високо ниво. Во саботата првпат ја извозив патеката и ми изгледаше поволна. Следниот ден сакав да ја поминам побрзо, но при последниот свиок излетав, паднав на асфалт и се повредив“, изјави младиот велосипедист.
По падот тој веднаш бил префрлен во болница каде му било дијагностицирано скршеница на вилицата и напукнатина на зглобот. Веднаш било јасно дека нема да може да настапи на трката, но решил да остане во Скопје и да биде дел од големата манифестација.

Тој преврзан со завои беше дел од парадата на свеченото отворање во спортскиот центар „Јане Сандански“.
Засега велосипедистите најмногу страдаат на ЕМОФ, Дабушинскас сам се повреди. Но, денеска стигна и информацијата за двајца натпреварувачи од Исланд кои биле прегазени од автомобил на патот Куманово-Свети Николе.






