Лион подолго време е под лупа на Агенцијата за финансиска контрола на клубовите (DNCG) и уште минатата година доби предупредување дека ќе биде исфрлен во втора лига поради големи долгови.
Клубот не успеа да ги балансира сметките, па оваа недела беше донесена одлука Лион да се пресели во Лига 2.
По ваквата пресуда, беше обелоденето дека Лион успеал да се договори со УЕФА за настап во Лига Европа во сезоната 2025/26, што им следува откако завршија како шести во Лига 1.
Сепак, медиумите сега појаснуваат што треба да се случи за Лион да биде дел од второто по ранг натпреварување во Европа.
Како што пренесува Л’Екип, за настап во Лига Европа, Лион ќе треба да плати прилично висока казна, односно 50 милиони евра, од кои 12,5 милиони евра се задолжителни, додека пак другите 37,5 милиони се условни и ќе зависат од исполнување на бројни финансиски цели.
Сопствениците исто така мораат во краток рок да внесат свеж капитал во клубот, ќе мораат да ја средат сметката аз плати како и да одржат позитивен баланс од трансферите.
И не само ова, за настап во Лига Европа, Лион ќе мора да остане во Лига 1, односно да ја добие жалбата која ќе ја поднесе на одлуката на DNCG.
ФОТО: fb/Olympique Lyonnais – OL