Тетовчанката со 2-0 ја совлада Деспина Папапичаил од Грција и се пласира меѓу четирите најдобри. Македонската тенисерка ги доби двата сета со 7-6 и 6-3, продолжувајќи го својот пат во Португалија.
Победата над 159. тенисерка на светот ја одведе во полуфинале, а таму Македонката ќе игра против Фиона Кроули од САД која е 227 на ранкингот.
Ѓорческа со настапот во Порто се очекува да напредува на ВТА рангирањето, а веќе е во топ 200.






