Нови членови на клубот крај Охридското Езеро се Дарко Илиески и Абдулхади Јахја.
Илиески доаѓа во клубот од редовите на Тиквеш и игра на стоперската позиција. Во кариерата тој беше дел од Победа, Борец, Шкупи, Пелистер, Струга, Истиклол, Струга, Билис и Ширак.
Крилото Јахја доаѓа од редовите на Башкими, а претходно натапуваше за Башкими, Воска, Струга, Шкупи, Вардар и Еуромилк Горно Лисиче.






