среда, 25 февруари 2026

Летоска ја исфрлија Шкендија, а сега испишаа негативен рекорд во ЛШ

Карабах испиша историја во фудбалската Лига на шампиони по вториот пораз од Њукасл Јунајтед на „Сент Џејмс Парк“, меѓутоа во негативна конотација.

Објавено на

часот

Сподели

Азербејџанскиот шампион стана тим со најмногу примени голови во една сезона во елитното натпреварување, откако бројката се искачи на 30. Со тоа беше надминат досегашниот негативен рекорд на Баер Леверкузен, кој во сезоната 2001/02 прими 28 погодоци.

Зад Карабах и Баер на листата се РБ Салцбург и Слован Братислава со по 27, како и Феенорд со 26 примени голови во една сезона.

Интересно, на патот до европската елита Карабах го елиминира македонскиот првак Шкендија во квалификациите и тоа со пресврт во реваншот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ