среда, 14 јануари 2026

Лејкерс се истури врз Атланта, победа со 141 поен (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс ја прекина серијата порази и дојде до победа и тоа многу моќна откако со 141-116 ја совлада Атланта.

Објавено на

часот

Сподели

Лејкерс имаше три последователни порази пред мечот со Аталанта. Оваа ноќ Дончиќ, Леброн и останатите влегоа посериозно со цел да им се вратат на победите, а како изгледа тоа, на сопствена кожа го почувствува Аталанта.

Езерџиите изгледаа моќно, дадоа дури 141 поен и славеа убедлива победа од 25 поени разлика.

Најефикасен беше Леброн Џејмс со 31 поен, 10 асистенции и девет скокови, блиску до него беше Лука Дончиќ со 27 поени и 12 асистенции.

Резултати:

Мајами – Феникс 127-121
Хјустон – Чикаго 119-113
Миловки – Минесота 106-139
Њу Орлеанс – Денвер 116-122
Оклахома – Сан Антонио 119-98
ЛА Лејкерс – Атланта 141-116
Голден стејт – Портланд 119-97

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ