петок, 6 февруари 2026

Лејкерс победи, но Дончиќ се повреди (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс ја забележа третата победа во последните четири натпревари откако славеше против Филаделфија со 119-115.

Објавено на

часот

Сподели

Но, црна дамка во овој триумф беше повредата на Лука Дончиќ кој мораше да го напушти теренот уште во првото полувреме.

При еден напад на неговиот тим, тој се фати за задната ложа и беше мошне нервозен што веројатно навестува нешто потешка повреда и подолго отсуство на словенечкиот ас.

По излегувањето на Дончиќ, Ривс ја презеде одговорноста и одигра одличен меч постигнувајќи 35 поени. Добар настап имаше и Леброн кој мечот го заврши со дабл-дабл учинок, 17 поени и 10 асистенции.

Резултати:

Детроит – Вашингтон 117-126
Орландо – Бруклин 118-98
Атланта – Јута 121-119
Торонто – Чикаго 123-107
Хјустон – Шарлот 99-109
Далас – Сан Антонио 123-135
ЛА Лејкерс – Филаделфија 119-115
Феникс – Голден Стејт 97-101

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ