сабота, 4 април 2026

Лејкерс ќе го почне плејофот без Дончиќ, познато е колку ќе паузира

Лука Дончиќ ја повреди тетивата за време на мечот со Оклахома, повреда која доаѓа во најважниот дел од сезоната, прогнозите се дека ќе биде надвор од теренот меѓу три и шест недели.

Објавено на

часот

Сподели

Деталните испитувања покажале дека се работи за повреда од втор степен, односно делумно кинење на тетивата. Тоа значи дека Дончиќ со сигурност ќе го пропушти остатокот од регуларниот тек на сезоната.

Веројатно нема да може да игра ниту во првата серија од плејофот, а доколку Лејкерс мине во конференциското полуфинале, веројатно тогаш ќе се приклучи Словенецот.

Пред да се повреди Дончиќ играше во фантастична форма. Тој во последниот месец имаше 13 натпревари по ред со најмалку 30 поени, вклучувајќи седум меча со 40 или повеќе поени, 51 поен против Чикаго булс и историски 60 поени против мајами Хит.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ