Посебно интересна беше последната четвртина во која на Лејкерс не му одеше шутот, постигнаа само 17 поени во тие 12 минути, но играа исклучително борбено во одбраната која изгледаше беспрекорно и му дозволија на Хјустон да постигне само 12 поени.
Лука Дончиќ ги предводеше Лејкерси со 36 поени, шест скока и четири асистенции. Леброн Џејмс постигна 18 поени, додека Остин Ривс додаде 15. Сепак, три клучни коша на Ејтон (седум поени, 11 скока) и тројка на Маркус Смарт (11 поени) им помогнаа на Лејкерс да дојдат до шест победи по ред. Како трети во Западната конференција, Лејкерс (43/25) ќе влезат во реваншот во среда вечерта со предност од две победи пред Рокетс (41/26).
Лука Дончиќ игра во животна форма и продолжува да пишува историја. Ноќеска дојде до 14.700 поени во кариерата, со 27 години и 16 дена со што стана трет најмлад играч што стигнал до оваа граница, заостанувајќи само зад недопирливите Леброн Џејмс и Кевин Дурант, кои двајцата го направија тоа на 25-годишна возраст.
Резултати:
Атланта – Орландо 124-112
Вашингтон – Голден Стејт 117-125
Бостон – Феникс 120-112
Бруклин – Портланд 95-114
Чикаго – Мемфис 132-107
Њу Орлеанс – Далас 129-111
Хјустон – ЛА Лејкерс 92-100
ЛА Клиперс – Сан Антонио 115-119






