недела, 6 јули 2025

Легендарниот Дивац повреден во сообраќајка додека возел мотор, префрлен е во болница

Легендата на српската и југословенската кошарка, Владе Дивац е повреден во сообраќајка во Црна Гора, каде што паднал од неговиот мотоцикл, по што не можел да стане и веднаш морал да биде пренесен во болница.

Објавено на

часот

Сподели

Дивац поради тешките повреди не можел да стане по падот, а очевидци веднаш повикале итна помош, која го транспортирала во најблиската болница.

Засега нема официјални информации за неговите повреди со кои се здобил при падот, но повеќе детали се очекуваат наскоро.

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс во изминатите години често престојува во Црна Гора.

Фото: EPA

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ