Панатинаикос се раздели со досегашниот тренер и го назначи Рафа Бенитез за нов шеф на стручниот штаб.
Шпанскиот стратег стави потпис на двегодишен договор со грчкиот клуб.
Panathinaikos welcomes Rafa Benítez as the club’s new head coach.
This is the start of a new era. ☘️#PAOFC #Panathinaikos pic.twitter.com/hgkRPDGYVH— Panathinaikos F.C. (@paofc_) October 24, 2025
Рафа Бенитез својата најголема промоција ја имаше во Валенсија со која двапати ја освои Ла Лига и еднаш УЕФА Купот. Потоа го презеде кормилото на Ливерпул со кој ја освои Лигата на шампионите и еднаш играше во финале на ова натпреварување. Со Челси ја освои Лига Европа, а беше тренер и на Интер, Наполи и Њукасл. Последен негова ангажман беше екипата на Селта која ја водеше во текот на сезоната 2023/24.






