Тој веќе разговарал со Јирген Клоп кој е одговорен за фудбалските операции во клубовите на Ред Бул. Наводно Анри е фаворит, но има и други кандидати како актуелниот тренер на Кристал Палас, Оливер Гласнер.
Нашиот Елиф Елмас е член на Лајпциг, но во моментов игра на позајмица во Торино која му истекува по крајот на сезоната.
Нејасно е дали Елмас ќе остане во Лајпциг, ќе биде продаден или ќе биде пратен на позајмица, но главниот збор би требало да го има Анри доколку стане тренер.