вторник, 13 јануари 2026

Лазаров: Задоволен сум од напредокот, Македонија покажа дека може да се бори на секој меч

Македонската ракометна репрезентација допатува во Хернинг и таму ќе го продолжи тренажниот процес пред Европското првенство.

Фото: Ракометна федерација на Македонија

Објавено на

часот

Сподели

На медиумскиот ден во овој град меѓу говорниците беше и нашиот селектор Кирил Лазаров кој зборуваше на повеќе теми.

Задоволен сум од тимот, иако секогаш може подобро. Имаме време да подобриме некои работи до стартот на Европското првнество. Го играме првиот натпревар против најдобрата селекција на светот во последните десет години, Данска. Едвај чекаме да се судриме со нив. Тие се домаќини и ќе биде исклучително тешко за нас. Сепак, ние немаме што да загубиме и ќе се обидеме да уживаме на овој меч. 

Разговарав со младите играчи, ова ќе биде ново искуство да се игра ракомет во држава која го сака спортот. Во други земји фудбалот е најпознат, ама во Данска и ракометот е многу следен. Ова ќе биде одлично искуство за сите“, започна селекторот за подготовките.

Лазаров доби прашање и за новото подмладување на тимот, како и очекувањата и зацртаните цели.

Најважно е смената на генерации да се прави чекор по чекор, тоа е тежок процес. Подобри селекции имаат проблеми кога менуваат генерации. Ние сме мала држава и мора да бидеме трпеливи, да одиме чекор по чекор. Јас сум многу задоволен од напредокот во последните две години. Подобривме многу работи, покажавме дека можеме да се бориме на секој меч. Мора да имаме континуитет, бидејќи кога се игра ЕП и СП потребно е да си добар повеќе од еден ден“, кажа Лазаров за младиот тим.

Мора да бидеме искрени. Сите имаат амбиции и сакаат да победуваат. Мора да знаеме дека добивме многу тешка група. Играме против Данска во Хернинг, а и против Португалија која на претходното СП стигна до полуфинале. Видовме како победуваа големи селекции како Египет, Шпанија, Иран. Исто така и Романија е доста добар тим со голема традиција. Можеби во последните години не се на врвно ниво, ама се подобруваат од година во година. Треба да уживаме. Мислам дека добро се подготвивме за овој турнир и возбудени сме за стартот на ЕП, да видиме до каде сме со квалитетот и ова ќе биде добро искуство“, заврши предводникот на Македонија за амбициите.

Првиот натпревар Македонија го игра в петок во терминот од 20:30 часот против Данска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ