вторник, 15 јули 2025

Лазаров стана првиот македонски тренер кој освоил европски трофеј

Тренерот на РК Алкалоид, Кирил Лазаров е влезен во македонската ракометна историја по многу параметри, а сега и по тоа дека е првиот наш стратег кој освоил европски трофеј.

Објавено на

часот

Сподели

ЕХФ денеска донесе одлука, РК Алкалоид го освои Европскиот куп со службена победа над АЕК кој не сакаше да го игра мечот во Скопје.

Ова значи дека Кирил Лазаров стана прв македонски тренер кој освоил европски ракометен трофеј.

Пред Алкалоид, Кометал Ѓорче Петров и Вардар освоија европски трофеи, но тоа го направија со странски тренери.

Кометалки ги водеше рускиот стратег Александар Панов, а вардарци ја освоија Европа со шпански стратези, прво со Раул Гонзалез, а потоа со Роберто Парондо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ