среда, 2 април 2025

Лазаров: Среќен сум, ова е голем успех за македонскиот ракомет

Тренерот на РК Алкалоид, Кире Лазаров е задоволен по победата на Баја Маре и пласманот на македонскиот тим во полуфиналето од Европскиот куп.

Објавено на

часот

Сподели

Алкалоид лесно со убедливи 32-25 го победи Баја Маре и обезбеди место меѓу најдобрите четири во Европскиот куп.

„Среќен сум и задоволен, можеби се уште не ја чувствувам таа среќа, немаме ни време да се израдуваме за два дена ни започнува плеј-офот во првенството. Но, тоа е така во професионалниот спорт на највисоко ниво. Мислам дека ова е голем успех за самиот клуб, ракометарите и за македонскиот ракомет затоа што еден клуб составен од 95% македонски ракометари и најмногу млади ќе игра полуфинале во едно европско натпреварување. Навистина тоа ме прави горд, се надевам и луѓето во клубот“, вели Лазаров.

„На момците им честитам за пожртвуваноста, борбата, играта и пласманот во полуфиналето. Во дадени моменти се чувствува дека ни фалат рутина и искуство да бидеме подобри. Како и да е ова огромен успех. Во полуфиналето против Рунар со оние информации што ги имам досега, не сум ги гледал, очекувам атомски ракомет. Се надевам во иднина ќе прикажуваме и подобри изданија, иако свесен сум дека нема да биде лесно затоа што во составот го немаме и нашиот можеби најдобар ракомет, Марко Митев“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ