Алкалоид заврши голема работа во Атина од каде се враќа со победа од четири разлика пред реваншот во Скопје.
Според играта и резултатот, јасно е дека Алкалоид е многу, многу блиску до европски трофеј, но Лазаров е претпазлив.
„Одигравме добар натпревар против тим со голема традиција и искуство. Но, ништо не е завршено, можеби предноста од четири гола изгледа како голема предност, меѓутоа мораме да одиграме на високо ниво и во реваншот. АЕК е тим со квалитетни ракометари и има свои адути. Знаеме дека нема да биде лесно“, изјави Лазаров.
Реваншот се игра на 25 мај во „Борис Трајковски“ со почеток од 20:30 часот.