четврток, 25 декември 2025

Лазаров направи принудна измена во составот пред ЕП

Ракометарот на Алкалоид, Валентин Карасманакис поради повреда ќе го пропушти престојното Европско првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Се работи за скршеница на прст на раката поради која нема да биде во можност да настапи на големиот турнир.

Селекторот Кире Лазаров на негово место го повика Никола Маркоски.

Европското првенство го започнуваме на 16 јануари со дуелот против Данска, а во нашата група се уште Португалија и Романија против кои ќе играме на 18 и 20 јануари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ