среда, 11 јуни 2025

Лазаров може да стане првиот македонски тренер кој освоил европски трофеј

Во недела ракометниот клуб Алкалоид го пречекува АЕК во реванш финалниот меч од Европскиот куп, македонскиот тим има четири голови предност.

Објавено на

часот

Сподели

Алкалоид е огромен фаворит во дуелот со АЕК и голема е веројатноста дека ќе испише историја и ќе стане нов македонски клуб кој освоил европско натпреварување.

Кире Лазаров ќе стане првиот Македонец кој како тренер стигнал до европски трофеј.

„Ќе бидам најсреќен да бидам првиот македонски тренер кој освоил европски трофеј“, вели Лазаров.

Досега Кометал Ѓорче Петров и Вардар се македонските тимови кои ја покориле Европа. Кометалки го направија тоа со рускиот стратег Александер Панов, а вардарци со Шпанците Раул Гонзалез и Роберто Парондо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ