Македонија синоќа загуби со 23-26 на гостувањето кај Хрватска која на овој натпревар играше без главните ракометари кои добија одмор.
„Промашивме пет пенали, три на почетокот, така да ништо не може да се направиме. Имаме многу проблеми, многу дупки, но се обидовме да направиме некои работи на најдобар начин, да се обидеме со некои нови силни страни. Пример, ни недостасуваше Лазаревски, но добро..“, вели Лазаров за „Спортске Новости“.
„Остануваме тука до 30 декември, потоа одиме во Швајцарија на турнир, а потоа на Европско првенство. Нема да биде лесно, нашите очекувања се секогаш високи и ако победевме и денеска ќе беа уште поголеми, но ќе се бориме“.






