четврток, 12 март 2026

Лазаров ги одбра ракометарите за мечот со Австрија

Во рамките од ЕХФ неделата, македонската ракометна репрезентација ќе одигра пријателски меч против Австрија, дуелот е закажан за 21 март во Брегенц.

Објавено на

часот

Сподели

Селекторот Кире Лазаров го објави списокот на ракометари за овој меч. Во составот се враќа Милан Лазаревски кој не настапи на Европското првенство поради повреда, а на списокот ги нема Никола Митревски, Жарко Пешевски и Мартин Серафимов.

Контролниот натпревар е закажан за 21 март од 18 часот во арената „Риден Ворклостер“ во Брегенц, Австрија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ