четврток, 18 декември 2025

Лазаров ги одбра ракометарите за Европското првенство

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров го објави списокот на играчи кои ќе настапат на Европското првенство кое ќе се одржи во јануари.

Објавено на

часот

Сподели

На списокот на селекторот има 21 ракометар, а од нив 18 ќе патуваат за Хернинг каде што Македонија ќе игра во групната фаза.

Помеѓу повиканите не е кружниот напаѓач на Вардар, Милан Лазревски кој е надвор од терените поради повреда. На списокот единствен кој не настапува во домашното првенство е голманот Мартин Томовски.

Македонија подготовките ќе ги почне на 22 декември, а шест дена подоцна во Пореч ќе го одиграме првиот пријателски меч, противник ќе ни биде Хрватска.

Момците на Лазаров ќе играат и на „Жолтиот куп“ во Швајцарија каде ќе се сретнат со Бахреин и Украина во периодот од 8 до 10 јануари.

Македонија на ЕП е во групата Б заедно со Португалија, Романија и домаќинот Данска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ