четврток, 22 јануари 2026

Лазаров: Да се покажеме во најдобро светло пред 15.000 гледачи во Данска

На неколку часа пред почетокот на натпреварот селекторот Кире Лазаров изрази надеж дека неговите ракометари ќе се покажат во најдобро издание против силната Данска.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија вечерва од 20:30 часот го почнува настапот на Европското првенство, а противник ни е домаќинот Данска.

„Задоволство е да играш против Данска на нивни терен пред 15.000 гледачи. Атмосферата е добра и мислам дека се наоѓаме во добра форма. Се надевам дека ќе го дадеме максимумот и ќе се покажеме во најдобро можно светло. Верувам во тимот, ако не верував немаше да работам со нив. Знаеме дека играме против најдобриот тим во Европа и светот, дадени се одредени насоки, треба да го почитуваме планот, зависи од нас, но и од противникот како ќе одигра. Се надевам на добра игра и позитивен резултат“, кажа Лазаров.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ