понеделник, 5 мај 2025

Лазаров: Би бил задоволен со било каква победа против Рунар на првиот натпревар

Во недела со почеток од 20 часот Алкалоид го пречекува Рунар во полуфиналето од Европскиот куп, тренерот Кире Лазаров вели дека би бил задоволен со било каква победа.

Објавено на

часот

Сподели

Пред Алкалоид е сериозен предизвик, да се помине Рунар и да се пласира во европско финале. Задачата нема да биде лесна бидејќи норвешкиот куп елиминираше силни имиња како Целје, Олимпијакос и Бешикташ.

„Рунар игра динамично и брзо, со многу голови и без изразен лидер – секој нивни играч е закана по голот. Затоа е потребно да бидеме компактни и фокусирани на нашата игра. Како тренер би бил задоволен да имаме било каква позитива, макар и со еден гол, тоа би била наша значителна психолошка предност за реваншот. Колку и да победите на првиот дуел, морате да го одиграте и вториот меч на највисоко ниво за да стигнете до финале,“ вели Лазаров.

Атмосферата во Алкалоид е позитивна, тимот се подготвува на највисоко ниво. За жал Лазаров до крајот на сезоната нема да смета на својот најдобар ракометар, Марко Митев кој се рехабилитира по операција на лигаментите.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ