Еден од лидерите на скопскиот тим во Битола беше Милан Лазаревски. Кружниот напаѓач даде седум гола од седум обиди, а пред натпреварот камерите од трибините го „уловија“ како се загрева и мотивира.
Кога одеше битолската песна „Еј скопјанче“, популарниот Мечка си потпевнуваше заедно со поголемиот дел од публиката. Потоа излезе на терен и беше перфектен за Вардар…






