На местото на Мирко Лазарески денеска на прес-конференцијата се појави Виктор Петков.
Според информациите на МКД.мк, Мирко Лазарески паднал на допинг тест, тоа е причината за промената која се случи во последен момент.
Се обидовме да стапиме во контакт со надлежните во Скијачката федерација на Македонија, но оттаму засега молчат.
Официјална информација за промената немаше ниту на денешната прес-конференција од МОК.
Македонија на Зимските олимписки игри во Милано ќе ја претставуваат Ставре Јада, Ана Цветановска, Јана Атанасовска и Виктор Петков.






