четврток, 10 јули 2025

Ландо Норис ја освои пол-позицијата во Австрија, лош ден за Ферстапен

Пилотот на Мекларен, Ландо Норис ќе стартува од првата позиција на утрешната трка за Големата награда на Австрија откако доминантно стигна до пол позицијата на денешните квалификации.

Објавено на

часот

Сподели

Норис имаше подобро време за повеќе од пет стотинки од Шарл Леклер (Ферари) кој ќе стартува веднаш до него. Третата позиција ја освои вториот возач на Мекларен, Оскар Пјастри.

Актуелниот шампион, Макс Ферстапен имаше лоши квалификации, тој ќе стартува од седмата позиција. Изненадување направи возачот на Заубер, Габриел Бартолето кој дојде до осмото место.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ