петок, 16 јануари 2026

Кузмановски: Треба да веруваме во себе, Македонија е подготвена да ги исполни своите цели на ЕП

Ракометната репрезентација на Македонија ќе го стартува Европското првенство со меч против домаќинот Данска во Хернинг.

Фото: Ракометна федерација на Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Во пресрет на средбата своите очекувања ги изнесе македонскиот капитен Филип Кузмановски.

Играме прв натпревар против Данска на турнирот. За мене тие се фаворит на ова првенство, играат на домашен терен пред полна сала. Сепак, ние имаме наши цели кои треба да ги оствариме. Ќе одиме чекор по чекор против секоја репрезентација. Мислам дека Македонија е максимално подготвена за овој турнир. Треба да се бориме, да го покажеме победничкиот менталитет и да веруваме во себе. Треба да веруваме во нас, бидејќи секоја година сме сè подобри и подобри. Како што кажав на почетокот на овие подготовки, секој од нашите играчи имаат улоги во клубовите и тоа е предност за репрезентацијата“, изјави Кузмановски.

Средбата во Хернинг се игра во терминот од 20:30 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ