вторник, 20 јануари 2026

Кузмановски: По победа на ЕП мора да сме задоволни, иако очекувавме повеќе

Ракометарите на Македонија со победа над Романија од 24-23 по голема драма ја завршија групната фаза, а веројатно и настапот на Европското првенство.

Фото: Ракометна федерација на Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Одново еден од хероите беше капитенот Филип Кузмановски, кој по натпреварот не го криеше задоволството за добриот турнир, иако има жалење за резултатот.

Мора да бидеме задоволни со победа на Европско првенство. Можеби очекуваме повеќе, поквалитетни сме од резултатот, но со голем притисок влеговме во вториот дел за да бркаме разлика за да дојдеме до главната група. Не успеавме во тоа, треба да бидеме свесни дека имаме квалитет за нешто повеќе и мислам дека заслуживме да бидеме во главната групна фаза. Горд сум на момците, одигравме уште еден добар меч, покажавме дека веруваме во себе и оваа генерација ветува многу за иднината. Тоа треба да го покажеме на теренот. Да победевме со поголема гол-разлика, ќе се надевавме на нешто. Вака ќе уживаме во мечот и треба да бидеме среќни со победата. Фала за цела Македонија, за навивачите. Одиме понатаму“, изјави капитенот.

Македонија собра три бода од победата над Романија и ремито со Португалците. Со овој резултат многу веројатно ќе бидеме пласирани на 14. позиција доколку не се случи чудо во Хернинг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ