недела, 11 јануари 2026

Кузмановски: На ЕП мора да бидеме борбени и да играме еден за друг

Филип Кузмановски беше избран за МВП на „Жолтиот куп“ во Винтертур.

Објавено на

часот

Сподели

Македонскиот капитен го заврши турнирот со 17 погодоци во трите натпревари, а по ремито со Швајцарците го понесе признанието за најдобар. По добивањето на наградата Кузмановски го прокоментира признанието и го анализира турнирот.

Сакам да им се заблагодарам на моите соиграчите за борбеноста на овој турнир и мислам дека тие се најзаслужни за мојата награда. Нашите цели што ги замисливме пред почетокот на турнирот ги исполнивме, формата ни расте, а имаме уште доволно време да се подготвиме за тоа што не очекува на Европското првенство во Данска. Некои детали ќе треба да се поправат пред стартот на шампионатот, пробавме некои формации во одбраната, имаме и некои новости како ќе им парираме на противниците, но клучна треба да ни биде одбраната. Треба да бидеме борбени, да играме еден за друг, како во второто полувреме со Украина и во дуелот со Швајцарија. Наш адут треб да биде и полуконтрата, оваа репрезентација треба да трча, мислам дека сме максимално подготвени и ќе одговориме на предизвикот“, изјави Кузмановски.

Македонија од Винтертур ќе отпатува во Хернинг, каде што на 16 јануари го игра првиот натпревар против селекцијата на Данска. Во нашата група се уште Португалија и Романија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ