Македонија постигна 29 гола на натпреварот, а повеќе од половина беа во режија на Филип Кузмановски.
Со тие 15 голови, Кузмановски израмни рекорд на Кире Лазаров за најмногу погодоци на еден натпревар за Македонија постигнати на големите натпреварувања (Светско или Европско првенство).
Лазаров тоа го направи во 2009 година кога против Јужна Кореја даде 15 голови, неговиот рекорд сега го изедначи Кузмановски.
По мечот Лазаров беше полн со пофалби за Кузмановски и вели дека тој има потенцијал да игра во голем европски клуб.
„Филип Кузмановски е голем играч и ако некој верува во него, тоа сум јас, но само кога е цврсто на земја. За некои работи мора да ме послуша, со респект за Пелистер, тој има потенцијал да биде врвен играч, но малку треба карактерот да го смени и да игра во еден врвен клуб“, изјави Лазаров по натпреварот.






