вторник, 20 јануари 2026

Кузмановски: Данска беше добар тест за она што нè очекува против Португалија

Ракометарите на Македонија претрпеа очекуван пораз од Данска (36-24) на стартот на Европското првенство.

Фото: Ракометна федерација на Македонија

Објавено на

часот

Сподели

По загубениот дуел свој коментар за одиграното имаше капитенот Филип Кузмановски, кој кажа:

Честитки до Данска, во грч го отворивме мечот, но против Португалија и Романија ќе бидеме поопуштени. Ќе направиме анализа, тоа што го кажавме пред ова првенство дека со Данска ќе пробаме да изненадиме, но навистина е тешко. Се работи за фаворит за злато. Нашиот таргет се Португалија и Романија, ако ги поправиме грешките и ако бидеме послободни, без респект, со верба во себе, можеме да бидеме далеку подобри од овој меч. Кога ќе ги анализираме сите мечеви, имаме многу технички грешки и промашени зицери, но се трудиме да го поправаме. Мора да сме на минимум на следните мечеви ако сакаме да победиме. Во подготовките направивме анализа на сите селекции, добро познаваме од каде доаѓа опасноста на Португалија. Тие исто така трчаат. Данска беше добар тест за она кое не чека против Португалија“.

Време за одмор нема, Македонија веќе в недела го игра вториот натпревар на континенталниот собир. Тогаш во терминот од 18:00 часот се игра клучниот меч против Португалија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ