понеделник, 5 мај 2025

Куп на Македонија: Вардар убедлив против Брера, Струга славеше во Тетово (ВИДЕО)

Денеска се одиграа првите полуфинални натпревари од Купот на Македонија, Вардар со 3-0 славеше над Брера во Скопје, а Струга со пресврт ја победи Шкендија во Тетово.

Објавено на

часот

Сподели

Вардар создаде голема предност и може да се каже дека веќе си ја заврши работата за пласман во финалето од Купот на Македонија.

Резултатот беше отворен во 26. минута со гол од офсајд, кога Сењор погоди по едно додавање со глава.

Пред крајот на првото полувреме Матиќ зголеми на 2-0, а по десет минути игра во вториот дел погоди и Закариќ за конечни 3-0.

За разлика од Вардар, Тетово не ја искористи предноста на домашен терен, тие загубија од Струга со 2-1.

Рамадани во првото полувреме погоди директно од корнер за водство на Шкендија од 1-0. Во вториот дел реализираа Укпа и Радески за комплетен пресврт и победа на Струга која им дава големи шанси за место во финалето

Реванш натпреварите се закажани за 23 април.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ