Првиот човек на Баскет Кам, Јордан Цветановски, им посака добредојде на клубовите кои се дел од финалниот турнир во Македонска Каменица:
„Сакам да се заблагодарам на општина Македонска Каменица за помошта при организација на овој турнир. Сакам да ви се заблагодарам на сите вас кои сте дојдени тука и сама овие два дена да ги поминете убаво, да се чувствувате како да сте дома. Сакам да им се заблагодарам на гостите за нивното присустви. На сите вас да ви посакам добар турнир и нека победи најдобрата екипа“.

Капитенот на Баскет кам, Катерина Поп-Димитровска смета дека се фаворити на овој турнир
„Честитам на сите присутни тимови тука. Посакувам добра игра. Се разбира, треба да покажеме фер плеј игра затоа сме сите дојдени. Можам со сигурност да кажам дека сме спремни и мотивирани, и како поискусни, со многу натпревари зад нас, купови, финалиња, полуфиналиња, верувам дека ќе ја оствариме нашата цел, овој пехар да остане тука. Но пред се, ќе уживаме овој викенд кој што следува а за сето она останато, нека победи најдобриот“.

Своите размислувања во пресрет на дуелот од полуфиналето со домаќинот, ги презентирааше Горан Крстевски, шеф на стручниот штаб на МЗТ Бела Вода:
„Кои се очекувањата, прво честитки до полуфиналистите, односно до екипите кои дојдоа до најдобрите четири во ова натпреварување. Ние сме најмладиот тим на турнирот во Македонска Каменица во кој очекувам полна сала, очекувам добра игра со фаворитот, и да одиграме на едно вистинско ниво. Реков фаворит затоа што Македонска Каменица четири години владее со македонската кошарка, и во првенството и во Купот. Но куп-натпреварите се токму затоа и интересни. Затоа што тука најчесто се случуваат изненадувања.
Фаворити има само на хартија, Имаме некои свои амбиции и замисли. Ќе пробаме да ги исполниме на теренот. Девојките се млади, но амбициозни. Во исто време, што е за мене многу важно, се храбри. И ќе се обидеме да го изненадиме шампионот на Македонија. Иако сепак, фаворитската улога, не само во полуфиналето, туку и на комплетниот турнир е на страна на шампионот од Македонска Каменица“.
Јована Димовска ги искажа своите очекувања во пресрет на утрешното полуфинале:
„Очекуваме тежок натпревар. Но сепак спремни сме да дадеме максимумот од себе. Секоја од девојките е подготвена да даде се што може. И одиме кон победа“ – беше кратка кошаркарката на екипата на МЗТ Бела вода.






