Брзо по почетокот на натпреварот се случи прекин кога кошаркарите на Пелистер поради нивните навивачи Чкембари решија да престанат да играат. Фановите од Битола беа избркани од салата поради инцидент со полицијата. Но, кошаркарите на Пелистер се вратија и мечот продолжи.
Битолскиот тим беше подобар во првото полувреме и на одморот замина со предност од 41-37. Во третата четвртина Куманово успеа да скрати од негативата, но Пелистер влезе со предност од два поени во последните десет минути.
Сепак во решавачката четвртна Пелистер даде само десет поени, а Куманово дури 21 и на крајот славеше и убедлива победа од 75-66.
Урош Луковиќ со 20 поени беше најдобар кај Куманово, Радукиќ реализираше 17. Во составот на Пелистер, Малешевиќ постигна 22 поени, имаше и девет скокови.
Куманово во полуфиналето ќе игра против ТФТ Скопје, другата полуфинална двојка ја сочинуваат МЗТ Скопје и Кожув.






