понеделник, 26 јануари 2026

Куманово и Македонска Каменица домаќини на завршницата во Купот

Македонската кошаркарска федерација ја додели организацијата на завршните турнири во Купот на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Домаќин во машка конкуренција ќе биде екипата на Куманово. Реновираната сала во истоимениот град кој покажа голем ентузијазам за кошарка ќе биде дом на завршниот турнир кој ќе се одржи до 13 до 15 февруари.

Четвртфинални парови:

ТФТ Скопје – Феникс 2010
МЗТ Скопје – Работнички
Кожув – Маџари
Пелистер – Куманово

Кај дамите домаќинството го доби Македонска Каменица. Тоа значи дека Баскет Кам ќе ја има предноста на домашниот паркет.

Полуфинални парови:

Баскет Кам – МЗТ Бела Вода
Крива Паланка – Бадел 1862

Натпреварите од женскиот Куп ќе се одиграат на 21 и 22 февруари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ