четврток, 19 февруари 2026

Културолошки шок за Англичаните, се изненадија кога го видоа „кафезот“ за гостински навивачи на Зрињски

Зрињски го пречекува Кристал Палас во плејоф фазата од нокаут рундата во Конференциската лига.

Објавено на

часот

Сподели

Голем број навивачи на англискиот клуб допатуваа во Мостар за историскиот европски настап, но вниманието го привлече нешто сосема неочекувано. На социјалните мрежи брзо се проширија фотографии од делот наменет за гостинските навивачи, кој изгледа како „кафез“.

Вакви услови предизвикаа неверување кај англиските фанови, кои се навикнати на далеку помодерни и покомфорни стадиони во Англија. Сепак, наместо само фудбалот да биде во фокус, условите за гостинските навивачи станаа главна тема пред почетокот на натпреварот во Мостар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ