петок, 23 мај 2025

Крушево домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам

Оваа сабота (17ти мај) со почеток во 10 часот стартува премиерното издание на маратонот во планински велосипедизам ,,Krushevo MTB Challenge” во организација на Велосипедскиот клуб Енерџи и Велосипедската федерација на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Во рамките на овој настан, за прв пат во историјата на велосипедскиот спорт ќе се реализира и Државното првенство во планински велосипедизам Маратон како дел од официјалниот календар на ВФМ и според пропозициите и критериумите на Светската велосипедска федерација УЦИ.

Натпреварувачите ќе имаат можност да одберат помеѓу мал маратон од 25км и голем маратон од 75км со вкупно искачување од 650 односно 2000 метри.

Овој настан се реализира со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка – Increasing Market Employability – IME, Алто Панорама хотел и спа, хотел Монтана и Општина Крушево.

Признанија и награди ќе бидат доделени за сите возрасни категории и тоа: 18-29, 30-39, 40-49,50-59,60+.

Пријавувањето е отворено до 15ти мај на овој ЛИНК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ