Италијанскиот тим до победата стигна со гол од пенал во 98. минута, а за тоа вистинска жртва понесе Никола Крстовиќ. Црногорскиот фудбалер тргна со глава да даде гол, иако Рами Бенсебаини не гледаше и „пушти“ копачка.
Епилогот беше удар во челото и крв на лицето на Крстовиќ, а шпанскиот судија по преглед на ВАР снимката досуди пенал. Сигурен реализатор беше Лазар Самарџиќ.
По натпреварот Крстовиќ покажа колкава била цената за изборениот пенал, а на фотографијата се гледа дека на своето чело на неколку места има рани од крампоните на копачката на Бенсебаини.







