четврток, 29 јануари 2026

Крсманчиќ само два месеци се задржа во Охрид, Србинот се врати во својата земја

По само два месеци, српскиот ракометар Младен Крсманчиќ заминува од Охрид, се враќа во својата земја и ќе го облече дресот на Војводина.

Објавено на

часот

Сподели

Според „Моцарт Спорт“, Војводина го ангажирала средниот бек на Охрид, Младен Крсманчиќ кој во тимот од Нови Сад доаѓа како замена на Стефан Додиќ кој направи мега трансфер во Веспрем како и Бразилецот Жоао Педро да Силва кој е нов ракометар на Вардар.

Крсманчиќ имаше договор со Охрид до крајот на оваа сезона, но реши многу побрзо од тоа да го напушти македонскиот клуб.

Србинот не беше прва опција во Охрид, тој имаше конкуренција во Тилен Стрмлјан. Па во договор со раководството на клубот го раскинал договорот и заминал за Војводина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ