Ханси Флик донесе неколку новитети на Камп Ноу, стратегот особено внимава на дисциплината и точноста.
Неколку фудбалери беа изоставени од тимот поради тоа што доцнеле неколку минути на тренинг или тимските состаноци.
Тони Крос со својот брат дискутираше на оваа тема и порача дека во Реал Мадрид ќе се смееле на ваквата пракса.
„Под водство на Ханси Флик, неколку играчи беа изоставени од стартниот состав поради тоа што доцнеле“ – вели поранешниот фудбалер на „кралевите“.
„Се работи за различни филозофии. Во Реал Мадрид ќе му се смееја. Често се случуваше да не се знае кој ќе дојде подоцна, тренерот или играчите. Се работи за различен менталитет, да не му дозволите на некој да игра поради тоа што доцнел пет минути…“.
„Веројатно и двете филозофии се добри. Можете да кажете дека Флик се однесува како прав Германец“.