Пред почетокот на натпреварот, на 4 мај, во соблекувалната на Градскиот стадион во Виница, пријавените Д.М. и Н.К го нападнале фудбалерот на Карбинци, по што инцидентот бил пријавен во полиција.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Д.М.(44) и Н.К.(40), двајцата од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘насилство’. На 04.05.2025 во соблекувална на Градскиот стадион во Виница, пред започнување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК Слога од Виница и ОФК „Карбинци“, пријавените физички го нападнале М.Д., фудбалер на екипата на ОФК Карбинци, соопшти МВР.