сабота, 24 мај 2025
Португалецот поставил серија услови

Кристијано Роналдо има луди барања за да продолжи со Ал Наср

Кристијано Роналдо поставил серија услови за да го продолжи договорот со Ал Наср, напаѓачот побарал големи промени во клубот, односно нов спортски директор, нов тренер и сериозна реконструкција на тимот.

Објавено на

часот

Сподели

Кристијано Роналдо е под договор со Ал Наср до 30. јуни, често се говори дека Португалецот ќе ја продолжи соработката со клубот од Ријад, но последните информации велат дека популарниот ЦР7 поставил серија услови.

Како прво, Кристијано Роналдо побарал промени во организацијата на клубот, односно нов реномиран тренер и нов реномиран спортски директор, кои ќе постават шампионски проект.

Португалецот исто така побарал тој да има глас и во настапот на Ал Наср на трансфер пазарот.

Кристијано Роналдо сака чистка во тимот која ќе почне од скапо платените странци како Ајмерик Лапорт, Бенто, Весли и Анжело, а Ал Наср ќе треба да се ослободи и од неколку локални фудбалери кои играат под очекувањата.

Напаѓачот исто така смета дека фудбалери како Садио Мане, Отавио, Мрсело Брозовиќ, Мохамед Симакан и Џон Дуран се недопирливи и по никоја цена не треба да им се дозволи да заминат.

Кристијано Роналдо беше првото звучно име кое се пресели во Саудиска Арабија и ја отвори вратата за многу други, но Ал Хилал и Ал Итихад успеаја да креираат подобри состави од тој на Ал Наср, па Португалецот се уште не се радувал на трофеј.s

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ