недела, 14 декември 2025
Шампионот на Англија на колена на Вембли

Кристал Палас со потрошени едвај 2,5 милиони го шокираше Ливерпул во Комјунити Шилд (ВИДЕО)

Кристал Палас стигна до нов трофеј, популарните „орли“ попладнево го шокираа Ливерпул во Комјунити Шилд и на пенали го совладаа актуелниот шампион на Англија.

Објавено на

часот

Сподели

Ливерпул ова лето инвестираше околу 300 милиони евра на засилувања, Кристал Палас потроши едвај 2,5 милиони евра, но и покрај тоа „орлите“ денеска го изненадија фаворитот и стигнаа до нов трофеј.

Момците на Слот одлично го отворија мечот, новите засилувања Вирц и Екитике добро комбинираа и Французинот од врвот на шеснаесетникот погоди за 0-1 веќе во 4. минута.

Кристал Палас одговори во 17. минута, Матета од пенал изедначи на 1-1. Но Ливерпул брзо се врати во ново водство, уште еден новајлија, Фримпонг се запиша во листата на стрелци за 1-2.

„Црвените“ потоа не успеаја да постигнат трет гол, и една изгубена топка на средината отвори контра за Кристал Палас а Сар одлично се снајде за 2-2 во 77. минута.

Па победникот мораше да биде решен на пенали, а таму Ливерпул целосно потфрли, промашија Салах, Мекалистер и Елиот. Езе и Соса исто така промашија за Кристал Палас, но Девени остани присебен во последниот пенал и донесе голема радост.

ФОТО: X/Crystal Palace F.C.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ