недела, 4 мај 2025

Крилата Георгиевски и Ќосевски ги продолжија договорите со Вардар

Ракометниот клуб Вардар објави дека ја продолжува соработката со крилните ракометари Гоце Георгиевски и Ален Ќосевски.

Објавено на

часот

Сподели

Двајцата ќе бидат во клубот и во наредната сезона.

„Двете десни крила, капитенот Гоце Георгиевски и Ален Ќосевски ги продолжија договорите и во следната сезона ќе настапуваат за Вардар. Клубот работи на формирање на тимот што следните сезони ќе се натпреварува, а двете домашни крила се дел од оние играчи со кои се продолжени договорите“, објави Вардар.

Дресот на Вардар Георгиевски го носи од 2020 година, а во кариерата претходно беше дел од ЧСМ Букурешт, Феникс Тулуз и Металург.

Ќосевски од друга страна е дете на Вардар и пред доаѓањето во редовите на „црвено-црните“ ги бранеше боите на Вардар јуниор и Работнички.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ