четврток, 19 март 2026

Кремонезе по петнаесет натпревари без победа се реши за тренерска смена

Фудбалскиот клуб Кремонезе се реши за тренерска смена и му врачи отказ на Давиде Никола.

Објавено на

часот

Сподели

По петнаесет натпревари без победа и последно славје на почетокот на декември управата на тимот од Кремона конечно се реши за промена. Можеби и задоцнета е реакцијата, бидејќи екипата веќе падна во опасната зона, ама има уште многу да се игра во калчото.

На местото на Никола пристигна проверено име во италијанскиот фудбал, а тоа е Марко Џампаоло. Иако во кариерата немал значајни резултати, сепак има завидно искуство и можеби на Кремонезе му е само потребна промена.

Моментално Кремонезе се наоѓа на 18 позиција во Серија А со 24 бода, три помалку од Лече кој е прв „над цртата“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ