недела, 4 мај 2025

Кралот на колена пред Арсенал, Интер го победи Баерн во Минхен (ВИДЕО)

Арсенал со убедливи 3-0 го победи Реал Мадрид во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, два од трите погодоци беа мајстории на Деклан Рајс од слободен удар, Интер со голем резултат се враќа од Германија откако на Алијанц арената со 2-1 славеше против Баерн Минхен.

Објавено на

часот

Сподели

Арсенал го надигра и го победи Реал Мадрид, па на Бернабеу ќе истрча со три гола предност.

Работата е далеку од завршена бидејќи на спротивната страна е Реал Мадрид, но ова е голема предност за Арсенал.

Натпреварот беше отворен кога Деклан Рајс погоди од слободен удар во 58. минута. Топката го заобиколи живиот ѕид и заврши во мрежата на Куртоа за водство на Арсенал од 1-0.

Во 70. минута се случи ново ремек-дело на Рајс, овојпат во стилот на Дејвид Бекам погоди за предност на топчиите од 2-0.

Пет минути подоцна гол даде и Мерино за конечни 3-0 за Арсенал.

Во судиското продолжение Камавинга доби втор жолт картон, па Реал Мадрид мечот го заврши со фудбалер помалку.

Меч од соништата за Деклан Рајс и за Арсенал, сега Реал Мадрид е на ред да покаже дали може да се извади и од оваа голема негатива.

Интер направи крупен чекор кон полуфиналето откако со 2-1 победи на гостувањето кај Баерн Минхен, но работата треба да биде завршена во Милано.

Првиот шок се случи во 38. минута кога Лаутаро Мартинез постигна прекрасен гол за водство на Интер од 1-0.

Момците на Инзаги одлично се бранеа, а Баерн се обидуваше да ги пробие и да создава шанси.

Баварците до гол стигнаа во 85. минута кога Милер по асистенција на Лајмер ја смести топката во небранетата мрежа.

Осоколен по дадениот гол Баерн минхен се залета кон победа, но доби нов шок.

Во 88. минута по еден контра напад Фратези постигна гол за победа на Интер од 2-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ