Одлуката доаѓа откако Макс Ферстапен не успеа да ја одбрани шампионската титула во Формула 1.
Хелмут Марко во Ред Бул ја имаше функцијата на советник за мотоспорт.
„Во спортот сум веќе шест децении, а во последните 20 години работев во Ред Бул и имавме успешни резултати. Тоа беше прекрасно време во кое се запознав и работев со талентирани луѓе“, кажа Марко кој има 82 години.
Тој му помогна на Ред Бул да дојде до доминација во формула 1 во изминатите години.






